Кучиња
Кучињата (науч. Canidae) — семејство на кучевидни ѕверови. Во семејството припаѓаат лисиците, разни видови познати под името „шакал“, којоти, волци, но и домашните кучиња. Денес се распространети на сите континенти, но првично ги немало во Австралија, Нов Зеланд, Нова Гвинеја, Мадагаскар и Антарктик. Меѓутоа, денес тие се речиси насекаде припитомени со помош на човекот.
Кучињата се развиле во олигоценот на подрачјето на Северна Америка од животно кое било со големина на лисица и потсетувало на неа, но сè уште можело да ги вовлекува своите канџи.
Риби
Рибите (лат. Pisces) се водни ‘рбетни животни со перки и внатрешни жабри. Постојат три живи класи на риби: примитивнитебезвилични риби, или Agnatha; ‘рскавичните (ајкуловидни) риби, или Chondrichthyes; и коскените риби или Osteichthyes. Овие групи, иако имаат различни анатомски карактеристики, поседуваат низа заеднички особини поврзани со нивното заедничкоеволутивно потекло или со нивниот подводен начин на живот. Рибите биле најраните 'рбетници и веројатно еволуирале од група на водни нижи хордати; копнените 'рбетници еволуирале од рибите.Постојат околу 20 000 видови на риби. Тие се разликуваат во големина, и тоа од 7,9 mm долгиот педоциприс (Paedocypris) кој живее во тропските мочуришта на Суматра, па сѐ до 14 m долгата китовска ајкула. Повеќето се светло обоени и многу имаат форми приспособени за камуфлажа.

No comments:
Post a Comment